
Манифестацијата Смилевски конгрес 2025 ќе се одржи во 3 дена од денес до 3 ти Мај 2025 година во с. Смилево, Демир Хисар. Главната програма ќе биде на 2-ри и 3-ти Мај.
Програма на фестивалот:
1 Мај:
18ч – Положување на венец на гробот на Даме Груев и кратка изјава од организаторите;
19ч – ТРИБИНА / локација: Кооперација на сретсело
„Значењето на Даме Груев и Смилевскиот конгрес за идентитетот на македонскиот народ во еден современ плуриперспективен и метакултурен контекст.“
Учесници:
– Ристо Грујовски
претседател на Здружение на граѓани „Дамјан Груев“ – Битола, (воведен збор за значењето на Даме Груев, Смилевски конгрес, с. Смилево и модератор на настанот);
– д-р Роберто Трајковски
доктор по историски науки, (Дигитализација како перспектива за проучување на ликот и делото на Дамјан Груев);
– Васко Гичевски
дипломиран историчар (Селото и селанството – упоришта на револуцијата и идентитетот)
20ч – Музичко изненадување
2 Мај:
19ч – ПОВОРКАТА НА МАЈОВЦИ „Напред во минатото“ / локација: Мост на влезот од селото
Отварање на фестивалот со дефиле од мостот на влезот на с. Смилево до куќата на Даме Груев, на чело со зурлите и тапаните на Мајовци, заедно со публиката. Тргнување во 19ч од мостот на влезот во селото.
20ч – HOT JAZZ ORKESTAR / локација: Куќа на Даме Груев
Акустичен концерт на традиционална џез музика од почетокот на 20ти век, која се карактеризира со брзо темпо и емотивни импровизации на кларинет и гитара.
20ч – ДУХ – „ОТСУСТВО НА ПРИСУСТВО“ / локација: Куќа на Даме Груев
Мултимедијална инсталација на уметничката трупа „Трета сликарска лабораторија“ на катедрата по применета и ликовна уметност при универзитетот на Западна Македонија, Лерин, Грција и колективот за визуелни уметности Buff, заедно со нашиот познат фотограф Сашо Алушевски во куќата на Даме Груев, проследено со симболичен поменски коктел.
* Заради состојбата на градбата, влезот во куќата на Даме Груев ќе биде дозволен контролирано, само по двајца посетители во исто време.
21.30ч – ПОВОРКАТА НА МАЈОВЦИ „Напред во минатото“ / локација: Од куќата на Даме Груев до главна бина „Сретсело“, на сретсело во Смилево
22ч. – КОНЦЕРТ НА ЗАРИНА ПРВАСЕВДА / локација: глава бина „Сретсело“
Концерт на традиционална музика во современи аранжмани.
23.30Ч – DJ Sokin / локација: глава бина „Сретсело“
Sokin е перформер и диџеј од Лерин, Грција кој се фокусира на создавање уникатни сонични искуства, оформувајќи специфична звучна слика на секој перформанс.
3 Мај:
19ч – КОНЦЕРТ НА ДЕЈАНИЕ / локација: глава бина „Сретсело“
Дејан Марковски е битолчанец, патувач и уличен изведувач низ земјите во Европа, кој моментално работи и на свој проект Дејание, авторски материјал кој ги избегнува можните авторски жанрови.
21ч – КОНЦЕРТ НА BITVOX / локација: глава бина „Сретсело“
BITVOX е хор од Битола, составен од 25тина ентузијасти под диригентство на Марина Коруновска, кои изведуваат светски познати поп/рок хитови во нивни автентични аранжмани.
22ч – КОНЦЕРТ НА ФОЛТИН
Фолтин е група од Битола со интернационална 29 годишна кариера, која настапува со автентична авторска музика.
23.30ч – DJ CONSTANTINE
Constantine е мултимедијален артист од островот Парос во Грција. Работи на аудиовизулени проекти, изведувачки уметности и инсталации, комбинирајќи аналогни и дигитални медиуми.