
На Плочникот кај Градски ѕид (Клуб на новинари) вечерва ќе се одржи музичката манифестација под отворено небо „Центарска симфонија“.
Публиката ќе има можност да ужива во македонските шлагери инспирирани од домашната кинематографија од седумдесеттите години до денес, како и во безвременските мелодии од светските филмски класици, претставени во моќно и современо симфониско издание.
Ќе настапат Сонора Колектив оркестар и вокалните солисти Иван Наумовски и Елена Васова.
– Оваа манифестација стана традиција. Првото издание лани привлече голем инетерес, што покажува дека ваквите настани му се потребни на Скопје. Во летните денови тие го раздвижуваат градот и ги сплотуваат граѓаните. Се надевам дека и годинава ќе го имаме истото силно и емотивно доживување, вели градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.

Македонски



