
Вечер во Струмица ќе се одржи 15. издание на Фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“, соопштија од НУЦК „Антон Панов“.
И годинава Фестивалот е од ревијален карактер, а ќе се претстават осум состави. Покрај домаќините, „Распеани струмичани“ и новоформираниот Октет „Струмица“, ќе настапат и „Распеани гевгеличани“, „Орнаменти“ од Штип, „Распеани валандовчани“, „Распеани радовишани“, Октетот „Прилеп“ и „Шчипјани“ од Штип. Како гости, со свои корегографии, ќе се претстават и членовите на КУД „Боро Џони“ од Струмица.
Фестивалот се одржува под покровителство на Министерството за култура и туризам и Општина Струмица.