Skip to main content

Во Битола предпремиерни проекции на филмот „Железна тврдина“

Во битолското кино „Манаки“ вечер и утревечер ќе бидат приредени две пред-премиерни проекции на филмот „Железната тврдина” на режисерот Митко Панов, единствениот македонски добитник на наградата „Златна палма”.

„Железна тврдина“ е филм за кревки луѓе, кој од обична филмска работилница со штитеници на Психијатриската болница од Демир Хисар, прерасна во долгометражен филм во кој се раскажуваат најчовечките животни приказни. Морален прерогатив на филмот „Железна Тврдина“, е подкревање на нивото на свест и информираност, со цел на надминување на општествената стигма.

Во филмот учествуваат осум штитениции на Психијатриската болницата, а во главни улоги настапуваат и Синоличка Трпкова,
Пол Гордон (САД), Игор Џамбазов, Васко Тодоров, Стефан Шашков и Јасмина Котевска.

На проекцијата во кино „Манаки“-Битола, ќе бидат присутни режисерот Митко Панов, Јасмина Котевска и Стефан Шашков од ЦКИ-Небо кои по проекцијата ќе одговараат на прашања од публиката.