
Милчо Манчевски / Македонија / Германија / Италија / Шпанија / 2007 / 129 мин
Успешен млад доктор, Лазар Перков (Начев), оженет за прекрасна жена со која има дете. Тој има сè – дури и неговите пријатели и роднини го нарекуваат „Лаки“. Но, изгледот некогаш залажува, па и покрај сите земски задоволства, Лазар константно се обидува да ги задоволи своите мајка, татко и незаинтересирана сопруга. Секој ден му е ист, сè додека еден ден едвај преживува тешка сообраќајна несреќа.
По закрепнувањето, Лазар се соочува со луѓе кои навидум умираат повеќе пати и секогаш ја носат истата порака: „Врати го она што не е твое. Имај почит.“ Откако Лазар сфаќа дека овие негови привидувања не се само соништа, туку дел од секојдневниот живот, тој доаѓа до заклучок дека тие се изгубени души кои сè уште не нашле мир во другиот свет, и успева да открие што всушност треба да врати.
Филмот своја премиера доживува на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, а прикажан е и на уште неколку други познати фестивали. СЕНКИ беше македонски кандидат за Оскар на 80-то доделување на наградите на Американската филмска академијата.
Проекции
Четврток, 11 јуни20:30
Оригинален јазик
150 ден
Улоги
Борче Начев, Салаетин Билал, Ратка Радмановиќ, Весна Станојевска, Сабина Ајрула-Тозија, Диме Илиев, Петар Мирчевски

Македонски



