Skip to main content

Проекција на хрватскиот игран филм „На се доаѓа крај“ вечерва во Гевгелија

Вечерва, со почеток во 19:00 часот, во Домот на културата во Гевгелија, ќе биде прикажана хрватскиот игран филм „На се доаѓа крај“.

Синопсис: Макс Пинтер, успешен адвокат од Загреб, успева да ги отфрли обвиненијата против неговиот клиент за двојно убиство, богатиот и моќен бизнисмен Динко Хорват. На прославата, Макс е пијан и му кажува на Динко дека ладнокрвно ги убил работниците, кои што дошле да прашаат за своите плати. Соочувањето со еден од столбовите на општеството го прави Макс непожелна личност, тој го губи својот партнер и клиенти, а неговата сопруга го напушта. Со својата девојка од универзитетските денови, Нина, започнува мисија за одмазда. Од друга страна, никој во оваа приказна не е целосно невин и сите се тесно поврзани.

Улоги: Jелена Ѓокиќ,Живко Аночиќ, Борис Исаковиќ,Јанко Поповиќ Волариќ,Емир Хаџихафисбеговиќ, Ксенија Маринковиќ,Марина Реџеповиќ, Петре Арсовски

Режисер: РАЈКО ГРЛИЌ

Времетраење: 89 минути

Категоризација: 16+

Поврзани вести