Skip to main content

Проекција на филмот „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец вечерва во „Котур“, по проекцијата ќе следи разговор со режисерот и дел од актерите

Вечерва во „Котур“, со почеток во 19:30 часот, ќе биде прикажан играниот филмот „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец. По проекцијата ќе следи разговор со режисерот и дел од актерите.

Дати на следни проекции:
Вторник 28/01 од 19:30 часот;
Среда 29/01 од 19:30 часот и
Четврток 30/01 од 19:30 часот.

Билет: 150 денари (поради ограничениот капацитет, посакувано е да си го резервирате својот билет во порака).

„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео.

Продуценти: Атанас Георгиев, Дејан Илиев, Корнелија Ристовска
сценарио и режија: Димитар Оровчанец
директор на фотографија: Владимир Самоиловски
дизајн на продукција: Сашо Блажевски
костими: Илина Чолак
монтажер: Софија Самоиловска Јовановиќ
музика: Дарко Спасовски и Игор Василев – Новоградска

Главни глумци: Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов

Поврзани вести