
По премиерата на фестивалот во Оденсе, Данска, филмот „Мала шега“ продолжува да ја освојува публиката на меѓународни фестивали.
Филмот е награден како Најдобар филм на Филмски Фронт во Нови Сад, Србија (2024) и UNICA Korea (2024). Дополнително, ја освои и Наградата од публиката на фестивалот Ѕирни во Скопје, Македонија.
Јана Никодиновска, главната актерка во филмот, е наградена за Најдобра актерка на Ѕирни и UNICA Korea за нејзината извонредна изведба.