Филмот „Битлс ’64“ (Beatles ’64) во кој се разкажува за турнејата на британската група преку Атлантикот во 1964 година не проаѓа добро кај критиката.
Ниту еден од трите обиди за ревитализација на старата тема („’Битлс’ во САД – Америка во ‘Битлс’“) не наиде на особено одобрување. На ИМДБ, документарецот има оценка 7,4 / 10, од засега скоро 930 гледачи.
Филмот е продуциран од Мартин Скорсезе.
Тука е и впечатокот дека зимата 1964 година, „Битлс“ ѝ послужија на Америка како лек за „пост-кенедиевската депресија“, а внимание беше посветено и на фактот дека токму тие успешно ѝ ја претставија „црнечката“ американска музика на американските белци, особено најмладата публика.
Музиката од филмот се појави без никаква најава на сите стрим-платформи, но наместо очекуваните подобрени „живи“ верзии на песните од првата американска турнеја, според критичарите – донела едноставна компилација на студиски снимки од периодот 1962 – ’65 година. Истото може да се критикува и комплетот винилни плочи, којшто исто така беше издаден со ист наслов (1964), иако содржи дури 6 американски албуми на групата, во оригинални моноверзии.
Имајќи предвид дека оваа колекција е поскапа за околу 100 евра од збирот на цените на поединечните албуми, ова, наводно, е само уште еден обид „да се ограбат“ колекционерите и обожавателите. Сѐ укажува, се вели, дека објавувањето повеќе вакви изданија е само со цел – да се заработат дополнителни пари.