
На социјалните мрежи деновиве кружи постер на кој е најавен наводен филм „Love Actually 2 (2025)”. На него се прикажани повеќе актери од оригиналниот филм, поставени во новогодишна сцена, со впечаток дека станува збор за официјална најава.
Сепак, проверките покажуваат дека ова е фан-изработен постер, а не вистинска промоција за продолжение на популарната романтична комедија.
Од филмските студија и актерската екипа не постои никаква официјална најава за втор дел. Единственото продолжение поврзано со оригиналниот филм е краткиот специјал „Red Nose Day Actually” од 2017 година, снимен за добротворни цели.
Постерот, според визуелните елементи и нереалните сценски комбинации, е типичен пример за AI или фан-арт монтажa, што често се појавува пред празници, кога интернет-заедниците креираат измислени продолженија на популарни филмови.
Постери се појавуваат за продолженија на многу звучни филмови со познати акетри, но, за жал, се е производ на AI.

Македонски








