Skip to main content

Ким Новак ќе добие награда за животно дело на Венецискиот филмски фестивал

Американската актерка Ким Новак ќе добие награда за животно дело на овогодинешниот Венециски филмски фестивал, објавија денес организаторите.

Таа се прослави во филмот на Алберт Хичкок „Вртоглавица“ од 1958 година, а организаторите наведоа дека на овогодинешниот фестивал ќе се одржи светската премиера на документарниот филм „Вртоглавица Ким Новак“ од швајцарско-американскиот режисер Александар Филип, направен во соработка со актерката.

92-годишната Новак ја заврши својата холивудска кариера пред многу години, по што се посвети на сликарството, а во последните неколку години повторно се појавува во јавноста, на значајни филмски јубилеи.

Таа рече дека е длабоко трогната од добивањето на наградата и изјави дека признанието за нејзината работа во овој момент од нејзиниот живот е остварување на сон за неа.

– Ќе го ценам секој момент што ќе го поминам во Венеција и тоа ќе ми го исполни срцето со радост – додаде Новак.

Овогодинешниот Венециски филмски фестивал ќе се одржи од 27 август до 6 септември, а официјалната селекција на филмови ќе биде објавена кон крајот на јули, додека американскиот режисер Александар Пејн ќе биде претседател на жирито оваа година.