Skip to main content

Ќе беше прекрасно да освоев „Оскар“, вели разочарано Деми Мур

Принтскрин од видео

Ќе беше прекрасно да освоев „Оскар“, вели разочарано американската актерка Деми Мур проговори за губењето на „Оскарот“ за најдобра женска главна улога оваа година.

Престижната филмска награда ѝ припадна на Мајки Медисон за „Анора“.

Актерката, која е на почетокот од седмата деценија од животот, тврди дека и претходно веќе претчувствувала дека Медисон ќе победи, па дури и, како што вели, дека „му го шепнала тоа“ на филмскиот продуцент Џејсон Вајнберг.

Не знам зошто, но го знаев тоа. Бев потполно смирена и прибрана. Не бев уништена. Не чувствував ништо од тие тешки емоции. Само имав верба, и сè уште имам, во сѐ што и допрва ќе се случи – изјави Мур.

Таа досега не е наградена со ниту еден „Оскар“, а овогодишната ѝ е единствена номинација во кариерата.

Секако дека физичкиот, човечки дел од мене кој има его, се чувствува разочаран. Ќе беше навистина прекрасно да победев – призна Мур.

Оваа година, Мур освои „Златен глобус“, „БАФТА“, како и „Наградата на здружението на филмски глумци (САГ)“ за нејзината улога во филмот „Супстанција“ (The Substance) во режија на Корали Фаржа.

Поврзани вести