Skip to main content

FilmED – Филмот како образовна алатка: Разговори и работилница на Фестивалот Beach Film Festival

Кинотеката на Р.Македонија, во соработка со Гете-Институт Скопје и  „Бич филм фестивал“, организира еднодневна презентација и работилница посветена на филмското образование, како дел од европскиот проект ФилмЕД (FilmED).

Настанот ќе се одржи на 24 јули 2025 година, со почеток во 18:00 часот, на бродот Армада во Охрид, во рамките на фестивалот.

Целта на настанот е да поттикне отворена дискусија и размена на искуства на тема „Филмот како образовна алатка во работата со млади и во училиштата“ во Р.С Македонија и поширокиот регион. Во рамки на презентацијата ќе се одржи и разговор со гости на фестивалот и експерти од областа на филмското образование, кои ќе споделат примери на добри практики, предизвици и потенцијали за интегрирање на филмот во формалното и неформалното образование.

Настанот е поврзан со платформата https://film-ed.eu, која нуди иновативни методологии и ресурси за работа со ученици преку филм. Влезот е бесплатен и отворен за сите заинтересирани, но со ограничен број на слободни места.

Поврзани вести