
15 НОЕМВРИ (САБОТА) 11:00 ч.
ДЕНОВИ НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ
ПИНГВИНСКИ АВТОПАТ
(Penguin Highway / Pengin haiwei)
Игран филм, Јапонија
2008, 117 мин. Колор, Блу Реј
Режија: Хиројасу Ишида (Hiroyasu Ishida)
Сценарио: Макото Уеда (Makoto Ueda)
„Пингвински автопат“ е јапонски анимиран филм од 2018 година. Тоа е долгометражно деби нa Хиројасу Ишида, базиранo на истоимениот научнофантастичен роман од Томихико Морими (2010).
Филмот нè вовлекува во сончевото лето на едно јапонско предградие, каде Аојама, амбициозен четвртоодделенец, писател и ‘мал научник’, води дневник полн со свои набљудувања и хипотези. Една вечер, пингвините, тие студени, нелогични суштества, се појавуваат во топлата Јапонија, за подоцна мистериозно да исчезнат. Аојама, заедно со сестра му и пријателите, започнува истрага, што го води до Хамамото, шармантната сестра на стоматологот од соседството. Таа, со својата суперсила да создава пингвини од ништо (преку тенок слуз од пиво), станува неговиот ментор и првата “љубов”, додека заедно откриваат дека овие пердувести животни се предупредување за еколошката катастрофа, растечкото море што го проголта светот.
Ова е филм што почнува како луда научнофантастична авантура, но брзо се претвора во нежна приказна за растењето. Атмосферата потсетува на филмовите на студиото Гибли (Ghibli), филмовите како „Мојот сосед Тоторо“ /My Neighbor Totoro или „Патување со душите“/Spirited Away, но со свежина која ја носи Ишида, со помалку меланхолија, но, повеќе акција и наука. Музиката на Уми Абе (со џез и електронски елементи) ја подигнува атмосферата, а анимацијата на Studio Colorido е флуидна, особено во фантастичните секвенци каде реалноста се топи во сон.
Хиројасу Ишида (Hiroyasu Ishida) е роден во 1988 година во Михама. Како млад талент, тој рано се посветил на анимацијата, работејќи како аниматор и режисер на кратки филмови. Неговиот пробив доаѓа со наградуваниот краток анимиран филм Дождлив град/Rain Town (2011), кој го прикажува неговиот уникатен стил – мешавина од фантазија, носталгија и визуелна поезија. Ишида дипломирал на престижниот Оддел за анимација на Универзитетот за уметност во Токио, каде што се развива како автор што сака да ги истражува темите за детството, љубопитноста кон науката и границите меѓу реалноста и сонот. Ишида е сметан за еден од новите гласови во јапонската анимација, со модерен, енергичен пристап што комбинира хумор, авантура и длабоки пораки за растењето.

Македонски








