Skip to main content

Бич филм фестивал во Охрид од утре до 6 јули

Фестивалот на нов европски филм Beach Film Festival, кој веќе осум години нуди врвна филмска програма на повеќе локации долж охридското крајбрежје, оваа година вклучува и слатко изненадување – летно загревање пред да започне официјалната програма.

Во соработка со Гете-институт Скопје, публиката ќе има можност да погледне седум современи германски филмови.

Секоја вечер од 2 до 6 јули, со почеток од 20:30 часот, ќе се прикажуваат внимателно избраните филмови, секој од нив уникатен и забавен на свој начин.

Ова е одлична можност за сите љубители на европската кинематографија да се воведат во фестивалската магија што следи. Под отворено небо, со свежо ветре покрај езерото, нема подобар начин да се пројдат топлите јулски вечери. Затоа, ве покануваме да си ги резервирате вечерите од 2-ри до 6-ти јули. Викнете си го друштвото или партнерот, или пак поминете време со себеси уживајќи во германски филм на Beach Film Festival Ohrid“, велат организаторите.

Фестивалот е поддржан од Агенција за филм, Општина Охрид, Шпанска амбасада, Австриска амбасада, Француска амбасада, Гете институт, Италјианска амбасада, Халкбанк, Соко.

Поврзани вести