
Познатиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста беше уапсен синоќа, 2 август, во Охрид. Тој требаше да настапи пред познатата светска ѕвезда Џејсон Деруло.
Српските медиуми пишуваат дека Раста е уапсен за поседување наркотици. Раперот бил врзан со лисици од страна на полицајците пред хотелот, пред да отиде на настап.
Во Македонија се одиграла филмска акција на припадниците на полицијата, кои го привеле раперот пред хотелот во кој бил сместен, кога тргнал на настап. Кај Раста била пронајдена марихуана, по што било наложено да се направи и претрес на неговата хотелска соба, пишуваат српските медиуми.
Инаку ова не е прв пат Стефан Ѓуриќ Раста да биде уапсен за поседување наркотици.