Skip to main content

Наскоро ќе може да купите парче од луксузната гардероба на Боки вредна половина милион евра

Заврши проценка на луксузната гардероба на Бојан Јовановски-Боки 13, која што му беше одземена поради случајот „Рекет“. Од Агенцијата за управување со одземен имот велат дека проценката е направена на сума од 595.640 евра, пренесе Фокус.

printskrin

За одземените предмети во случајот Рекет од осуденото лице Бојан Јовановски е изготвена процена и таа е во износ од 36.640.187,00 денари велат од Агенцијата.

Во 71 вреќа има чевли, часовници, чанти и накит, вкупно 1.208 парчиња на број, од познати модни брендови, како Луј Витон, Версаче, Долче и Габана, Гучи, Валентино.Наскоро ќе може да имате дел од оваа вредна колекција.

Поврзани вести