
Обожавателите на британската поп музика имаат огромна причина за славење. Легендарниот бенд Дуран Дуран официјално потврди дека Србија и Македонија ќе бидат на мапата на нивната претстојна европска турнеја.
Иако фокусот денес беше на најавите за три ексклузивни концерти во Италија (Арена ди Верона, Казерта и Вила Манин), бендот ја разгоре имагинацијата на фановите низ целиот Балкан со официјално соопштение. Како дел од летната турнеја, покрај Италија, Данска, Холандија и Чешка, Дуран Дуран директно ги потврдија настапите во Србија, Унгарија, Бугарија и Македонија.
Деновиве се чека точниот датум и локација на концертот во Македонија.
Последно беше најавен нивен концерт за пандемиската 2020 година, а од Аволон продукција тогаш соопштија:
„Duran Duran требаше да свират овој септември во Скопје. Голем open air. Сега се работи на префрлување на сите датуми од 2020-та во 2021-ва година.“

Македонски



