
Преполн Егоист бич бар, илјадници фанови и атмосфера која не стивна речиси три часа – Охрид беше домаќин на третата станица на „Гоут Тур“ (GOAT TOUR) во Македонија.
Џала Брат и Буба Корели приредија спектакуларно аудиовизуелно шоу, исполнето со врвна продукција, сценски ефекти и најголемите хитови од нивниот репертоар, како и песните од актуелниот албум „Годзила“.
Публиката ги пееше песните заедно со дуото од почеток до крај, создавајќи атмосфера која долго ќе се памети.
„Гоут Тур“ е во организација на „Муузик вик“, регионалната платформа која стои зад некои од најголемите музички настани.
По трите успешни концерти во Македонија, два во Скопје и еден во Охрид, „Гоут Тур“ продолжува со својата регионална турнеја.
Фото: Димитар Бирачоски

Македонски


