Skip to main content

„Авалон“ ги одложи сите настани во нивна организација во следните седум дена

Сакаме да изразиме длабоко сочувство до сите оние кои ги изгубија нивните најмили во страшната трагедија во Кочани.

Како што може да претпоставите, сите настани следните 7 дена во наша организација, како оној во понеделник во Македонска филхармонија, среда во Центар за култура – Битола и сабота во СЦ Јане Сандански во моментов се одложуваат, соопштија од Авалон продукција.

Ве молиме за трпение во неделата која следува како знак на сочувство и солидарност.

Повеќе информации за овие настани ќе бидат објавени идниот понеделник, по завршувањето на деновите на жалост.

Поврзани вести