
Некои, навистина на МАКЕДОНИЈА не ѝ припаѓаат, ама ВМРО-ДПМНЕ на чело со ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ нема да дозволи МАКЕДОНИЈА да припадне на друг заради нивното предавство.
Деновиве престојувам во мојот роден град, древниот и волшебен Охрид, и на моја среќа пред мене како сведок се испиша уште една поучна приказна, басна каде што животните ги заменуваат луѓето, и за жал се многу подобри, поблагородни од оригиналот што го претставуваат.
Шетајќи рано наутро кај брегот на Езерото видов необична глетка, несекојдневна и зачудувачки поучна.
Имено, млади родители со своите дечиња шетајќи се крај синото езеро како по правило носат храна и ги честат галебите, симболот на чистота и убавината за Охриѓани и гостите, бидејќи галебите во ова време немаат доволно храна, па од својот природен ареал, водата се преселуваат на брегот трагајќи по храна.
И гледај чудо! Местото преполно со храна наменета за милениците, симболот на Охрид и за питомија и дружење, беа попречувани од еден црн грозен гавран, којшто не дозволуваше на ниту еден галеб поединечно да дојде до за нив наменетата гозба, ширејќи ги своите црни крилја, силно гракајќи и оштрејќи го клунот од бетонот.
Застанав и гледав, што понатаму?
Додека себичноста на секој галеб, сам да дојде до храна, победуваше, гавранот беше господар на ситуацијата. Тоа како да потрае извесно време, за потоа сите заедно здружени истовремено нé тргнаа по своето и го избркаа неповиканиот гостин.
Гавранот, симболот на зло и црни пораки, беше победен од белината, светлината и заедништвото.
Инаку, галебот во Охрид живее во совршена хармонија со Охриѓани, особено со оние од крајбрежјето затоа што е предвесник, аберџија за најава на невреме, грмотевици, силни ветрови и високи бранови и ги предупредува во прв ред рибарите, кајчарите, бродарите и сите останати.
За возврат, галебот од нив е обожавана птица и во секој дом е присутна во форма на слика или фигура.
Таа е симбол на заедничка среќа и благодарност.
Од тука, сакам да напоменам нашата дружба ВМРО-ДПМНЕ, ГАЛЕБОТ во баснава, секогаш и за век и векови ќе бидеме заедно со НАРОДОТ против црните гаврани.
Тие, црните гаврани во македонското општество се сто пати полоши од природните зли, лукави и пакосни гаврани од природата.
Ним им е потребно само еден момент, секунда, минута или саат, да нанесат такво зло да паметните луѓе со години не можат да го исправат.
Се појавуваат од нигде никаде, задаваат ниски подли удари, се повлекуваат, оставаат пустош па се качуваат на некоја висока гранка да уживаат во своето злодело и несреќа што им ја нанесуваат на мирните, чесни и трудољубиви граѓани.
Сé што е добро им е туѓо, лошото го величаат, само себе си се самопризнаваат, а кога ќе треба нешто да направат, злобата која што им е поголема од духот трајно ги попречува, која што им преминува во навика да прават само пакости и да прорекнуваат апокалипси, среќни и што е уште почудно воопшто не се загрижени дека истата судбина може да ги снајде и нив.
Нивното златно правило на живот и опстојување е само несреќа, несреќа и несреќа за сите.
Одат дури и дотаму што при своите безмилосни походи да направат општо зло што свесно би ги дале двете сопствени очи само на другите да им го извадат едното.
Добрината победува секогаш. Но треба време. Како што напоменав порано, ним им е доволен момент сé да растурат.
Заздравувањето од нанесениот жесток удар од нив е споро и бара многу одрекувања од сите чинители на едно добро, чесно, демократски определено општество, исклучително високи заложби, труд и знаење од секој добронамерен чинител.
Тешкото се обременува и со и понатаму нивната болна идиотски спремност и понатака да го попречуваат напредокот, растот, радоста, среќата на секој поединечно, касапејќи го и растурајќи го организираното уредено општество наменето за сите граѓани кои што не се како нив.
Затоа поуката од вистинската басна за галебите и гавранот треба да е потсетување за сите нас, да бидеме будни, да ги спречиме во старт, да ги растуриме во системот на злото и да ги фрлиме на ѓубриштето на историјата.
Тоа треба да се направи ОДМА, СЕГА, бидејќи тие се микроби, мали невидливи со силна разорувачка моќ, пред да се способни да го инфицираат, маѓепсаат или хипнотизираат општеството.
Разумот, силата, посветеноста и силниот порив и љубов кон народот и татковината МАКЕДОНИЈА што вирее непрестано во душите на членовите на ВМРО-ДПМНЕ е силна гаранција дека во најголем дел се победени а со крајна цел да се ослободиме засекогаш од овие БОЛНИ УМОВИ.

Македонски


