Skip to main content

Есенски рецепт: Тиква со мед

Еве едноставен и вкусен рецепт за печена тиква..

Состојки:

1 мала или половина голема тиква (најубаво мускатна или печкарка)

2–3 лажици мед или кафеав шеќер (по вкус)

Малку масло или путер

Цимет (по желба)

Малку ореви, бадеми или суво грозје (по желба)

Подготовка:

1. Загреј ја рерната на 200°C.

2. Исчисти ја тиквата од семки и лушпа, па исечи ја на парчиња.

3. Нареди ги парчињата на плех обложен со хартија за печење.

4. Попрскај со малку масло или растопен путер.

5. По желба, нароси цимет и прелиј со мед или кафеав шеќер.

6. Печи околу 30–40 минути, додека тиквата не омекне и добие карамелизирана боја.

 Совети:

Ако сакаш посебно ароматична верзија, додај малку ванила или мускатно оревче.

Се служи топла или ладна — одлична е и како десерт и како здрава ужина.

Поврзани вести