Skip to main content

Маж се заканувал дека ќе изврши напад на божиќниот пазар во Бремерхавен

Во германскиот град Бремерхавен, полицијата приведе маж кој во видео на ТикТок се заканувал дека ќе изврши криминални дејствија на локалниот божиќен пазар, јави ДПА.

Полицијата успеала брзо да го идентификува мажот откако добила дојава за видеото на социјалните мрежи. Детали за неговиот идентитет и плановите за напад не се објавени.

Информацијата дојде откако 50-годишен маж со својот автомобил влета во посетителите на божиќниот пазар во градот Магдебург во петокот навечер. Пет лица загинаа, а 200 се повредени. Меѓу загинатите има и девет-годишно дете. м

Поврзани вести