
Лавината вчера наутро однесе тројца планинари од Хрватска, а во текот на денот беше пронајдено телото на едниот од нив.
Претседателот на Шумската спасувачка служба на Бохињ, Миха Арх, кој ја води потрагата во која учествуваа повеќе од 70 спасувачи, изјави денеска дека лавината ги одвлекла планинарите во тесен клисурест предел околу 350 метри подолу.
На местото на несреќата денеска пристигнаа и министрите за внатрешни работи на Словенија и Хрватска, Боштјан Поклукар и Давор Божиновиќ.
Група од седум хрватски планинари вчера тргнала кон врвот на Тоск, но четворица се откажале поради лошите временски услови, додека тројцата загинати продолжиле со искачувањето.
Словенечката Шумска служба за спасување и полицијата ги предупредија планинарите овие денови да не одат во Јулиските Алпи, бидејќи временските услови се неповолни, снегот е тежок и мокар, а опасноста од лавини е исклучително висока.