Skip to main content

Драма на Бит Пазар: Скопјанец уапсен откако ја нападнал партнерката и го зел тримесечното бебе

МВР

Вчера во 23:10 часот на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.С.(30) од Скопје, по претходна пријава од неговата 21-годишна вонбрачна партнерка дека на 02.10.2025 во домот физички ја нападнал, а на 03.10.2025 додека била во домот на нејзините родители дошол Х.С. и ја зел со себе нивната тримесечна ќерка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.

Поврзани вести