
Денес ви носиме едноставен, здрав и модерен рецепт кој ги освојува Инстаграм и Тикток– кремаста паста со авокадо. Овој оброк е совршен избор кога сакате брзо, вкусно и хранливо јадење, кое истовремено изгледа фотогенично и е вистинска енергетска бомба.
Потребни состојки (за 2 лица):
200 г шпагети или тестенини по избор
1 зрело авокадо
1 чешне лук
2 лажици маслиново масло
Сок од половина лимон
Малку сол и свежо мелен бибер
Рендан пармезан или парчиња моцарела (по желба)
Свеж босилек за декорација
Приготвување:
Сварете ги тестенините во солена вода според упатството на пакувањето. Во блендер ставете ги авокадото, лукот, маслиновото масло и лимоновиот сок. Изблендирајте додека да добиете мазна и кремаста смеса.
Зачинете со сол и бибер според вкус.
Исцедете ги тестенините и измешајте ги со авокадо-сосот.
Декорирајте со свеж босилек и посипете со пармезан.
Совети:
Ако сакате поинтензивен вкус, додајте малку чили или сушени домати.
За веганска верзија, едноставно изоставете го пармезанот.
Јадењето е највкусно ако се сервира веднаш, додека пастата е топла, а сосот свеж.
Текст: Убавина и здравје