Skip to main content

Не „паднале“ на измамата: Наместо да платат по лажна сообраќајка, го пријавиле во полиција

На 01.10.2025 во СВР Куманово, 90-годишна кумановка и 77-годишник од Куманово пријавија дека едно лице се обидело да ги измами.

Според пријавеното, лицето им се јавило на телефон и им кажало дека наводно членови од нивните семејства предизвикале сообраќајни незгоди во кои прегазиле дете и ќе треба да дадат одредена сума на пари за да не одат во затвор.

Како што е пријавено, тие се посомневале во точноста на информацијата и пријавиле во полиција.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Поврзани вести