Skip to main content

Концерт на Пламенка Трајковска гудачки квартет насловен „Валцери и полки од Штраус“

Во рамки на одбележување 200 години од раѓањето на славниот композитор Јохан Штраус, Пламенка Трајковска гудачки квартет денеска во Домот на култура Дебар ќе одржи концерт насловен „Валцери и полки од Штраус“.

Гудачкиот квартет, еден од најактивните камерни состави во земјата, во последно време имаше успешни настапи во Софија, Созопол и на Велешко лето, а неодамна го промовираше и својот најнов сингл „Балкан сонг 11“.

Досега тие имаат настапувано на сите најзначајни културни манифестации во Македонија, „Скопско лето“, „Бит фест“, „Штипско културно лето“, „Петровденски ракувања“, „Топол културен бран“, „Караманови средби“, „Кавадаречка културна есен“, „Велешко културно лето“, „Есенски музички свечености“ и имаат реализирано концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција,Танзанија и Турција.

Концертот се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам и Дом на култура Дебар.

Поврзани вести