Skip to main content

Кај германски државјанин на Табановце, пронајдена дрога

МВР

Лишен од слобода германски државјанин на Граничен премин Табановце, пронајдена дрога во неговото возило, следува соодветна пријава
На 29.09.2025 околу 10:45 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.Р.К.(52) од Сојузна Република Германија. При гранични проверки и преглед во возилото „мерцедес“ со германска национални ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се марихуана, кафеава растителна материја и други предмети.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести