Skip to main content

Иако СДСМ бегаше: Продолжува Надзорната расправа за Алта банка

 – Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност.

Надзорната расправа, како што информираат од собраниската прес-служба, ќе продолжи со ислушување на исказите на останатите учесници (сведоци) повикани од Комисијата за финансирање и буџет. На надзорната треба да се разгледаат околностите што довеле до воведување администрација во банката, улогата на Народната банка во постапката, како и одговорноста на надлежните институции.

Пратеничката на СДСМ и претседателка на Комисија за финансирање и буџет, Сања Лукаревска вчера на прес-конференција соопшти дека на расправата се поканети и претставници на менаџерскиот тим, Управниот и Надзорниот одбор на Алта банка. Информира дека ниту едно од лицата на списокот на поканети сведоци до тој момент сè уште немал потврдено присуство. Дополнително, дел од нив, како што појасни Лукаревска, по вторпат се на службен пат токму во периодот кога треба да се одржи расправата.

Deputetët e LSDM-së dhe koalicionit sot në Kuvend parashtruan interpelancë për guvernatorin e Bankës popullore, Trajko Sllaveski, lidhur me rastin

Пратениците на СДСМ и коалицијата вчера во Собранието поднесоа интерпелација за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во врска со случајот со Алта банка. Од СДСМ информираат дека со интерпелацијата бараат да се утврди политичка одговорност за постапувањето на Славески во врска со влезот на Алта банка АД Белград во тогашната Стопанска банка АД Битола.

Интерпелацијата се однесува на постапката во која, како што наведуваат од партијата, гувернерот и Народната банка дале претходна согласност Алта банка да стекне квалификувано учество во битолската банка. Од СДСМ бараат одговори за тоа какви проверки биле направени во однос на инвеститорот, сопственичката структура и потеклото на капиталот, како биле проценети ризиците за депонентите и врз основа на кои критериуми била дадена согласност за именување на Давор Мацура во Надзорниот одбор на банката.

Поврзани вести