Skip to main content

Водно ќе блеска и по мрак: Лабудовиќ и Котевски го промовираа проектот „Сјајна Патека“

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, заедно со генералот Горанчо Котевски, носител на советничката листа за Град Скопје на движењето, денес го промовираа проектот „Сјајна Патека“ во Дебар Маало, иницијатива од младите активисти и љубители на Водно од Скопје.


„Младите се движечка сила на градот. Наша обврска е да создадеме услови каде тие ќе можат да се движат слободно, безбедно и инспирирано. “Сјајна Патека”е токму за нив, за иднината што мора да се осветли.“ – истакна Лабудовиќ.


Во своето обраќање, тој ја потенцираше итната потреба за уредување на пешачките патеки на Водно, со современо и еколошко осветлување, кое ќе го продолжи и зајакне користењето на ова подрачје дури и по зајдисонце.


„Водно не смее да згасне штом зајде сонцето. “Сјајна Патека” не е само инфраструктурен проект, туку визија за град што се грижи за младите, за спортистите, за семејствата, за секој граѓанин. Ова е проект со кој покажуваме дека знаеме да слушаме и знаеме да делуваме.“ – додаде тој.


Лабудовиќ посочи дека недостатокот на осветлување претставува сериозен урбан предизвик кој директно влијае врз безбедноста, достапноста и квалитетот на јавниот простор:


„Луѓето го избегнуваат Водно по мрак. Тоа е изгубена можност за рекреација, за здрава навика, за споделено време со најблиските. Со овој проект сакаме да им го вратиме Водно на граѓаните, осветлено, безбедно и достапно.“


Проектот предвидува инсталирање на енергетски ефикасни, автоматизирани светилки кои се прилагодуваат на природната средина, без да ја нарушат екосистемската рамнотежа на парк-шумата.


На настанот, генералот Котевски ја истакна важноста на проектот како и неговата заложба за создавање безбедни и инспирирани простори за граѓаните, нагласувајќи дека овој проект е симбол на нов, поодговорен пристап кон урбаното планирање и практична грижа за јавниот интерес.


Овој проект е резултат на двете кампањи на Движењето ЗНАМ, кој произлезе како директен одговор на идеите, иницијативите и предлозите на граѓаните, особено од младинската иницијатива на ЗНАМ.


„Сјајна Патека“ претставува пример како ЗНАМ ги претвора граѓанските предлози во реални решенија и е дел од официјалната програма на советничката листа за Град Скопје за претстојните локални избори.

Поврзани вести