
Започна новата авионска линија од Скопје до Штутгарт. По тој повод вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на својата официјална фејсбук страница објави:
✈️ Новата авиолинија Скопје – Штутгарт започна да оперира
Од вчера веќе од скопскиот аеродром се патува за Штутгарт
✔️ Предвидени летови (Понеделник, Среда и Петок)
✔️ Го развиваме авиосообраќајот, преку политиките што ги спроведуваме. Граѓаните добиваат нови можности за патување, нашите од дијаспората полесен начин да ги посетат своите блиски дома.
✔️ Скопје и Охрид ги поставивме на мапата на европските и светски центри.