
Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Крива Паланка, Оливер Алексовски објави видео порака во која се обрати до своите сограѓани.
Крива Паланка е град на вера, традиција и вредни луѓе. Но, последниве години остана запоставена со недоволни инвестиции и нереализирани ветувања. Најважно, надежта на граѓаните дека може подобро беше разнишана. Сега е време за промена, со чесна работа, јасен план, да ја вратиме Крива паланка на патот на развој за изградиме инфраструктура, да ги поддржиме младите и да создадеме општина која ќе биде гордост на цела Македонија.
Јас сум Оливер Алексовски, прочитајте ја мојата програма и направете го вистинскиот избор. Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, објави Алексовски.