
Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денес присуствуваше на работниот комитет за спроведување на Националната развојна стратегија 2024–2044, каде се обрати пред присутните и ја истакна важноста на безбедноста и одбраната за градење отпорно општество.
Нашата цел е сигурно, безбедно и отпорно општество. Зголемуваме инвестиции во одбраната, модернизација на Армијата и јакнење на капацитетите за кризи, ризици и сајбер-безбедност, за да бидеме подготвени да одговориме на секоја закана и да обезбедиме стабилност за граѓаните.
Само стабилна и безбедна држава може да донесе економски раст и просперитет, а заедно со институциите и партнерите градиме општество отпорно на секој предизвик, објави министерот Мисајловски.