
Германија ќе ги подобри своите капацитети за справување со заканата од нелегални летови со дронови, објави ДПА, повикувајќи се на изјавата на министерот за внатрешни работи Александар Добринт по неколкудневната паника во Северна Европа.
„Мојата цел е да се вметне во Законот за воздушна безбедност дека војската ќе може да обезбеди внатрешна помош на полицијата“, посочува Добринт во коментар објавен денеска за весникот „Рајнише пост“ .
Тој истакнува дека негова цел е да создаде центар за компетентност за дронови, кој би ги обединил федералните, регионалните влади и војската.
Портпарол на министерството изјави дека се во тек преговори за реформа на полициското законодавство и за измена на Законот за воздушна безбедност.