Skip to main content
По посетата на Државната кардиохирургија

Вложуваме во здравствениот сектор, модернизирање и подобрување на здравствените услуги, вели Мицкоски

Влада

За мене претставува навистина пред се чест, а потоа и задоволство да можам да бидам заедно со овие луѓе позади мене, со министерот, со директорот на фондот, со директорот на клиниката, со сите овие доктори, професори, академици, луѓе кои што работат од медицинскиот персонал, сите оние луѓе кои што имаат своја заслуга за ова што денеска ние го видовме, изјави денеска по посетата на Државната кардиохирургија претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

А, тоа што денеска го видовме е нешто што можеме ние да го видиме овде во Скопје, во Клиничкиот центар, во зградата на Кардиологија и Кардиохирургија, но тоа не можат да го видат клиниките во Белград, во Загреб или во Љубљана на пример. И треба да сме среќни и ваков тип на проекти треба да поздравуваме, затоа што пациентите тоа што можат да го добијат во Македонија не можат да го добијат да речеме пациентите во Белград, Загреб и Љубљана, изјави Мицкоски.

Она кое што исто така ни го демонстрираа луѓето е фактот дека сега додека се вршат кардиолошките процедури можат и кардиохируршките процедури истовремено да се вршат.

Зашто го кажувам ова? Не го кажувам наивно, го кажувам затоа што како Влада планираме процесот на интегрирање на клинички центар да го започнеме со интегрирање на кардиологија и кардиохирургија во национален васкуларен центар, кажа Мицкоски.

И тој е веќе почнат со подготовки – поради изборите би рекол дека е во фаза на подготовка, но веднаш после изборите поробусно, поинтензивно ќе продолжиме со тој процес.

Како претседател на Владата и како Влада апсолутно ќе ги подржуваме сите вакви напори на клиниките, на болниците во Македонија, поддршката ја добиваат и од министерот и од директорот на фондот.

Очекувам со вакви убави вести да се јавиме и од проектите кои што се во тек, да ја информираме македонската јавност, а веднаш после завршувањето на изборите ќе имаме малку поробусна акција и поголем фокус на здравството кој што ќе биде прв приоритет, изјави Мицкоски по посетата на Државната кардиохирургија.

Поврзани вести