
Нема ништо од најавите дека УЕФА ќе ги исфрли израелските екипи од нејзините натпреварувања. Израел може да „здивне“. Според израелските медиуми барем засега исфрлање на фудбалските екипи и репрезентацијата од УЕФА нема да има. Одлуката дека израелските екипи ќе ги продолжат натпреварите беше донесена непосредно пред првиот натпревар меѓу Макаби Тел Авив и ПАОК од Лига Европа одигран синоќа во Солун (0:0).
Најголем притисок за исфрлање има од Катар, но има и контрапритисок односно САД се на страна на Израел и во овој случај.
Само за потсетување со почетокот на војната во Украина, УЕФА ја исклучи Русија во 2022 година, иако сега воени дејства со учество на израелеската држава има и во Газа.