Skip to main content

Експлодираше возило кај Зелен пазар, најверојатно е запалено со бензин

Вечерва жителите во центарот на Скопје, во реонот кај Зелен пазар беа вознемирени од силна експлозија. Eкипата на „Република“ веднаш беше на терен и од она што го забележавме станува збор за експлозија на возила БМВ хибрид.

Огнот се прошири до најблискиот маркет и зафати едно дрво.

Неофицијално БМВ-то било потпалено со бензин. Противпожарните екипи се на терен и го гаснат огнот.

Поврзани вести