
Денес остварив средба со Н.Е Амбасадорот г-дин Метју Лосон на која со задоволство ја прифатив поканата од премиерот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Кир Стармер, за учество на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи овој октомври во Лондон, напиша на Фејсбук, Премиерот Христијан Мицкоски.
Самитот е важна можност за потврдување на заедничката посветеност кон безбедноста, стабилноста и економскиот развој на регионот и Европа.
Македонија и Обединетото Кралство се докажани партнери и НАТО-сојузници, а оваа година дополнително ги продлабочивме односите преку Стратешкото партнерство и Договорот Влада со Влада.
Очекувам успешен и конструктивен Самит во интерес на граѓаните и регионот, пишува Мицкоски.