Skip to main content

Семи Капланоглу, лауреат на специјалната Камера 300: Турската кинематографија започнува со браќата Манаки

ИФФК „Браќа Манаки“

Ви благодарам на сите што сте тука затоа што сметам дека турската кинематографија започнува со Браќата Манаки, рече денеска на прес конференцијата Семи Капланоглу, лауреатот на специјалната Камера 300 за особен придонес во филмската уметност.

На почетокот на мојата кариера работев со двајца млади кинематографери затоа што нивната страст и нивната енергија им дозволува да работат многу напорно и со таа свежина успеваат да го доловат значењето на нештата од зад камерата. А целата моја кариера е посветена на откривањето на значењето на нештата. Но, морам да истакнам дека сум работел и со многу искусни кинематографери, така што ја компинирам работата со искусни волци, но и со млади кинематографери. Исто така многу од нив што на почетокот биле асистенти подоцна станале мои кинематографери. Уште од тогаш се обидувам да го одговорам истото прашање: Која е причината и која е реалноста за таа светлина? И се уште не сум сигурен дека сите наши сетила можат целосно да ја доволат и да ја впијат реалноста. Затоа верувам дека филмот и уметноста се оние кои ја доловуваат сивата зона меѓу светлината и ултимативната реалност, рече Капланоглу.

Жири комисијата на филмовите од официјалната селекција во компетиција за Златна камера 300 го сочинуваат: Денис Ленуар, претседател на жирито, Астрид Хојбрантнер, кинематограферка, Валерио Карузо, директор на веб-страницата „Синеуропа“, Асја Крсмановиќ е босанска сценаристка, драматургинка и истакната програмерка на филмски фестивали и Митко Панов, филмски режисер.

фото: „Браќа Манаки“

Тие посочија дека се среќни што се на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола , бидејќи дел од нив слушале за фестивалот, доаѓаат прв пат, но чуле за него како за мит, за фестивал што постои некаде скриен, тешко е да се дојде до него, но сите што дошле на „Браќа Манаки“ се враќале со сјај во очите и зборувале за многу возбудено и со голем ентузијазам за фестивалот.

Фестивалот е мошне инспиративен, љубопитни сме да ги погледнеме сте филмови од високо квалитетната програма, а најдобар дел е тоа што ова е фестивал посветен на кинематограферите каде можеме да се сретнеме со други колеги и да разговараме за нашиот занает, истакнаа членовите на жирито.

Тимот на филмот „Мајка“ кој синоќа го отвори фестивалот денеска се претстави на прес конференција.

фото: „Браќа Манаки“

Немаше некоја првична сугестија од моја страна за Теона затоа што долго време соработуваме, сме снимиле веќе 5 филма заедно и многу добро се познаваме. Уште кога го снимвме документарецот со Теона и некако постоеше најава дека ќе се сними ваков филм. Таа е режисерка која точно знае што сака од филмот и одлично соработуваме. Но, морам да потенцирам дека на секое следно снимање одиме се подалеку и се подлабоко, рече кинематограферката Виржини Сен-Мартан.

Режисерката Теона Митевска образложи како во текот на соработката со Сен-Мартан постепено ги кршел правилата при снимањето. Посочи дека почнале со идејата за сценарио, па ценариото на кое потоа се врешеле доработки, но штом се почне со снимање, строго се држеле до сценариото.

Лабина Митевска која е продуцент на филмот рече дека е сон да се работи со Теона, Виржини и Вук бидејќи тие се огромна креативна сила.

Кај нив се е подготвено со месеци и со години однапред за секој снимачки ден, се е прецизно испланирано и подготвено и крајниот резултат е секогаш едно прекрасно патување и јас сум пресреќна што работам со нив, рече Митевска.

Вук Митевски го сподели искуството од снимањето во Калкута во Индија.

Прво баравме локации во Македонија и во Белгија и тоа беше огромен предизвик. Но, во Индија беше огромен предизвикот бидејќи таму имавме тим од 200 луѓе. Тоа беше неверојанто искуство, снимавме на цветниот пазар на локации каде има огромно движење на луѓе. Но, беше прексрасно, ја обожувам Индија и ова е нешто што никогаш нема да го заборавам, рече Митевски.

Поврзани вести