
Шпанскиот весник АС објави денеска дека англискиот репрезентативец Џуд Белингем, по подолга пауза, ќе се врати во почетниот состав на Реал Мадрид на градското дерби против Атлетико на 27 овој месец.
Англискиот репрезентативец е надвор од теренот од јули кога му беше извршена операција на рамото.
Белингем остана на клупата за резерви во победата на Реал од 2-1 над Олимпик Марсеј во првото коло од главната фаза на Лигата на шампионите, а според медиумите, тренерот Чаби Алонсо сака англискиот фудбалер да биде целосно подготвен за претстојното градско дерби.
Првичните очекувања беа дека закрепнувањето на Белингем ќе трае околу три месеци.