Skip to main content

НБА во Европа дефинитивно ќе има, eве од кога

Комесарот во НБА лигата, Адам Силвер ги изложи плановите за проширувањето на Европа.

– Кошарката е најбрзорастечкиот спорт во светот. Втор по големина спорт во Европа. Имаме одлична можност пред нас. Ми се допаѓа европскиот фудбал, но не сакаме лига како Лигата на шампионите со јасни фаворити, каде што само неколку тима го одредуваат конечниот победник. Ќе се обидеме да моделираме систем со кој сме запознаени. Без цврст плафон, но со можност за контрола на натпреварувачкиот пејзаж. Мора да постои разбирање дека секој тим има шанса да ја освои титулата. Ќе почнеме да ги користиме постојните арени и постепено да преминуваме на нашите. 2027 година е оптимистичко сценарио, но не би сакал да одам подалеку од 2028 година. Имаме сите можности да го оствариме тоа, изјави Силвер.

НБА планира ширење и формирање нова европска лига. Првичниот план предвидува лига со 16 екипи, од кои 12 би биле постојани членки, а уште четири би влегле преку квалификации

Поврзани вести