Skip to main content

„Градини на заедништво“ е темата на микрофестивалот Бостание

В сабота, на 20 септември од 14 часот почнува микрофестивалот Бостание чија годишна тема е „Градини на заедништвото“ и нуди разновидни образовни и забавни активности, наменети за сите возрасти. Настанот започнува во 14 часот во општествената градина Бостание во Скопје и ќе трае до вечерните часови, со активности како работилници, готвење, изложба и музичка програма.

Настанот е поддржан од International Visegrad Fund и е отворен за сите, кои се заинтересирани да ја посетат градината, да научат нешто за здруженото градинарство, да учествуваат во работилниците или едноставно да уживаат во добрата музика, закуските и градината.