Skip to main content

Мицкоски: Пола милијарда евра за проекти во општините, околу 11 до 12 милиони евра за Куманово

Од централниот буџет предвидени се пола милијарда евра за прокти во општините, од кои 11 до 12 милиони евра за општина Куманово, изјави денска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинбарско прашање.

Од централниот буџет се финансирани проекти во вкупна вредност од 11-12 милиони евра овде во Куманово, што мислам дека е значајно. Мислам дека до сега такво нешто во општините не се случувало, овие капитални инвестиции се во насока да обезбедат подобар и подобри услови за живот на кумановци како и на сите граѓани во Македонија. Повеќе за канализации, за асвалт, за патишта, булевари, улици, за водоводи и т.н. – рече премиерот Мицкоски.

Мицкоски додаде дека станува збор за половина милијарда евра, со кои се финансираат проекти во сите општини во Македонија.

Ние сме горди на тој проект бидејќи со тој проект од повеќе од 350-400 милони ќе завршат во општините. Вклучително и со другите програми на министерствата, станува збор за половина милијарда евра, кој што веќе почнаа да се чуствуваат. Дел од тие проекти се отпочнати, дел се завршени, дел се во тек на реализација, дел допарва ќе отпочнат бидејќи тендерските процедури од вториот повик траат – додаде премиерот.

Поврзани вести