Skip to main content

Бојан Јовановски: Бев будала што верував во Шарената револуција, тие што дојдоа беа гладни и жедни за власт

Бојан Јовановски ја отвори душата за „ТВ Пинк“ и и по толку време ги раскажа деталите што му претходеа на неговото апсење. Тој сега признава дека би будала што верувал во Шарената револуција.

„Бев уапсен на 15 јули 2019 година, потоа отидов на одмор со моите пријатели, на сето тоа му претходеше мојата желба да имам свој медиум и телевизија, отворив телевизија, а по моето апсење сè отиде по ѓаволите. Почнав да се занимавам со телевизија за да ги покривам сите општествени теми, а како некој што се занимаваше со невладини организации, бев политички активен“, вели Боки .

„Опозицијата во тоа време беше моја опција, јас сум директен виновник за обоената револуција во Македонија и морам да признаам дека бев будала, мислевме дека ја менуваме владата во тоа време со намера сè да биде подобро, а оние што дојдоа потоа всушност беа „гладни и жедни“, користеа сè што можеше да се искористи“

Поврзани вести