
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти дека МВР презема мерки во рамки на истрага за еколошки криминал. Тој потврди дека биле повикани четири лица на информативен разговор, а дел од нив се под мерки предложени од јавен обвинител.
Будни сме, присутни сме, МВР ги презема сите потребни дејствија. За секој за кој ќе има докази дека учествувал во ваков тип на криминал ќе следуваат соодветни пријави. Граѓаните заслужуваат безбедна и чиста Македонија – изјави Тошковски.
Тој нагласи дека истрагата ќе оди „најдлабоко до каде што може“ и ги повика сите институции, особено Министерството за животна средина, да се вклучат во преземање на мерки. Според него, проблемот е резултат на децениско нефункционирање на институциите, раководени од несоодветен кадар и без почитување на професионалните стандарди.