
Лидерот на албанските владејачки социјалисти и мандатар за нова влада, Еди Рама, на седница на Националното собрание на партијата, побара итно разрешување на Ерион Велиај, кој е во притвор поради корупција, од функцијата градоначалник.
На негово место за кандидат за градоначалник на метрополата на вонредните избори ја предложи министерка за образование, Огерта Манастирлиу, што подразбира дека таа нема да биде член на новиот владин кабинет, кој треба да го соопшти денеска.
-Се наоѓаме во вонредна ситуација во Тирана. По 7 месеци, нема градоначалник, нема градоначалник избран на функција, имаме градоначалник избран од народот, на кого ќе му се суди заедно со членови од неговото семејство. Ова не се случува во ниту една земја, во ниту една демократска земја, целосна злоупотреба на функцијата. Никој не знае колку долго може да трае оваа приказна, додека ниту еден неизбран заменик на народот, на градоначалникот, не може да има демократски легитимитет и внатрешна сила да ја води општината на главниот град на земјата во следните две години, рече Рама.
Тирана, додаде, има големи, безброј задачи, дење и ноќе, и мора да донесеме политичка одлука за да го отвориме патот за избори за нов градоначалник во Тирана.
На седницата на партиското Собрание, на кое учествуваат 400 делегати, тој, исто така побара уставни измени, со кои од 140 пратеници, Парламентот да брои 101 пратеник „што ќе има позитивен импакт“.
Тој ја презентира програмата на новата влада по слоганот „Албанија во ЕУ 2030“, по што следува диксусија а потоа и објава на составот на новата влада и кандидатите за носители на функции во парламенот.