
Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски, денеска официјално објави дека влегува во трка за нов градоначалнички мандат на претстојните локални избори.
Јакимовски рече дека долго размислувал за тоа дали да се кандидира а на крајот донел таква одлука од неколку причини.
Според него до сега не се појавила доволно силна понуда за градоначалник, а другата причина е што во Советот тешко дека некој ќе може да постигне мнозинство, па оттаму потребно е да дојде искусен градоначалник.
Како први приоритети во новиот мандат, Јакимовски порача дека ќе му биде решавање на проблемот со паркирањето како и зауздување на надградбите на индивидуалните куќи во мали колективни станбени објекти.
Со ова, тој влегува во трка за уште еден мандат, откако претходно неколку пати ја извршуваше функцијата прв човек на Карпош.