Skip to main content

Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци, откажан летот Скопје – Истанбул

Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100м. има на патните правци Демир Капија – Неготино, Катланово – Скопје, Скопје – Катланово, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и Струга – Охрид, од 30 – 50м. на патниот правец Обиколница Скопје (од клучка Хиподром – Сарај), од 100 – 150м. на патниот правец Македонски Брод – Кичево и до 50м. на планинскиот превој Буково, соопшти АМСМ.

На Меѓународниот аеродром Скопје според објвата на нивната веб страница, утрово откажан е летотот од Скопје за Истанбул, а има доцнење од еден час на летот од Истанбул за Скопје.

Времена измена на режим на сообраќај има на магистрален пат А1 делница Фариш – Прилеп каде се врши санација на ударни дупки од 19.12.2024 г. до завршување на градежните работи, информираат од Доо Стентон Градба – Битола”.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по зимски услови, по претежно суви коловози, а сите патни правци се проодни, без забрани и ограничувања. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibom