
До 20:00 часот вечерва на територијата на земјава се евидентирани вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои четири активни, два се под контрола, а 18 се изгаснати.
Активни се четири пожари и тоа во село Никуштак, во село Булачани (нискостеблеста деградирана и дабова шума), во Депонија Дрисла (ѓубре), во село Татеши (борова шума) и во населбата Еленкамен (ниска вегетација).
Под контрола се ставени пожарите во беровско на Дрџински рид, во месноста викана Стојковото и во селото Русиново (дабова и букова шума и папрат) и во селото Куклиш (депонија).
Изгаснати се 18 пожари и тоа во:
1. Општина Студеничани: с. Варвара и с. Драчевица (мешана шума и ниска вегетација);
2. Општина Гази Баба: Вардариште (ѓубриште);
3. Општина Шуто Оризари: ул. Брсјачка Буна (ниска вегетација и ѓубре);
4. Општина Сарај: с. Крушопек (ниска вегетација);
5. Општина Гази Баба: ул. Финска (ѓубре);
6. Општина Бутел: с. Љуботен (ниска вегетација);
7. Општина Битола: кај ЈНА (ниска вегетација);
8. Општина Крушево: с. Пресил (стрниште и ниска вегетација);
9. Општина Струга 1: с. Лабуништа (ниска вегетација);
10. Општина Струга 2: с. Враништа (ниска вегетација);
11. Општина Кичево: с. Грешница (стрниште и ниска вегетација);
12. Општина Дебар: м.в. Три чешми до браната ХЕЦ Глобочица (ниска вегетација);
13. Општина Кавадарци: с. Кошани (ниска вегетација);
14. Општина Делчево: Градска депонија (ѓубре);
15. Општина Липково: с. Оризаре (ниска вегетација);
16. Општина Старо Нагоричане: с. Стрновац (ниска вегетација);
17. Општина Тетово: с. Порој (ниска вегетација);
18. Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација).